Достапни линкови

Штрајк на судската администрација


архива

архива

Судската администрација од денеска повторно го активира штрајкот со цел да се исполни нивното барање за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства. Штрајкот ќе се одвива во судовите и ќе се работат само итните предмети, а во извесен период од денот судските службеници ќе штрајкуваат пред судовите. Генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејаноски и претседателот на Здружението за судска администрација Борче Мирчевски на вчерашната прес конференција изјавија дека штрајкот ќе трае се додека не се исполни нивното барање.

XS
SM
MD
LG