Достапни линкови

logo-print

Уставниот суд ќе расправа за одлуката за распуштање на Собранието


Уставниот суд денеска ќе ја разгледува Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распуштање на Собранието на Македонија. Иницијативата, која е поднесена од пратеникот на ДУИ Талат Џафери, е единствена точна на дневен ред на седницата. Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието. Од Уставниот суд посочуваат дека Иницијативата поднесена од Талат Џафери има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.

XS
SM
MD
LG