Достапни линкови

Хојт Ји денеска во Македонија


Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД

Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД

Заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји денеска, според најавите од Амбасадата на САД во Скопје, доаѓа во Македонија. Нема детали за агендата на средбите на американскиот дипломат во земјава. Заменик помошникот државен секретар Ји доаѓа во време на политичка криза и закажани избори на 5 јуни на кои ќе учествува само ВМРО ДПМНЕ. Последен пат Ји во Македонија беше во март годинава. Тема на неговите средби со македонските политичари тогаш беше спроведувањето на договореното од Пржино и подготовките за спроведување на изборите.

XS
SM
MD
LG