Достапни линкови

logo-print

Нови жртви во конфликтот во Нагорно Карабах


Еден азербејџански војник и еден ерменски сепаратистички борец денеска се убиени во азербејџанскиот отцепен регион Нагорно Карабах, во најжестоките борби откако во конфликтот загинаа десетици луѓе пред шест недели.

Најновите инциденти доаѓаат еден ден откако азербајџанскиот претседател Илхам Алијев и неговиот ерменски колега Серж Саркисијан се договорија да го почитуваат договорто за прекин на огнот и дека ќе се обидат да ги рестартираат мировните преговори.

Договорот меѓу двајцата лидери се случи вчера по разговорите во Виена со посредство на САД, Русија и Франција и медијаторите од Минск групата на ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG