Достапни линкови

Зголемен бројот на загинати во експлозиите во Багдад


Најмалку 54 лица се убиени во ирачкиот главен град Багдад, во серија експлозии. Полицијата и медицинските лица велат дека во нападите се повредени најмалку 100 луѓе. Првата експлозија се случила во отворен пазар во доминантно шиитска населба при што загинале најмалку 28 лица и повеќе од 60 биле повредени, а во меѓувреме во две нови експлозии загинале над 20 лица и десетици биле повредени. Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите.

XS
SM
MD
LG