Достапни линкови

logo-print

Косовскиот претседател Тачи учствуваше на првата ЛГБТИ парада во Косово


Неколку стотици припадници на ЛГБТИ заедницата во Косово денеска ја одржаа првата парада во Приштина, барајќи прифаќање и почитување на нивните права. Колоната ја предводеше косовскиот претседател Хашим Тачи.

Учесниците во парадата под силно полициско обезбедување поминаа низ центарот на Приштина, веејќи знамиња со боите на виножитото. Парадата е организирана по повод Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата.

Покрај Тачи, на парадата беа и британскиот и американскиот амбасадор во Приштина, со цел да им изразат поддршка на геј, лејзбејките, бисексуалните и трансродните лица.

Парадата помина без инциденти, а настанот не беше најавен поради старавувањето од можни инциденти.

XS
SM
MD
LG