Достапни линкови

Наумов: Министерството за финансии се задолжи за десет милиони евра


Заменик министерот за финансии Кире Наумов денеска соопшти дека на денешната аукција на државни хартии од вредност, наместо бараните пет милиони евра, Министерството за финансии запишало десет милиони евра.

„Се уште нема објаснување за која намена се користат средствата од новите задолжувања“, се вели во соопштението на Наумов.

Оттаму оценуваат дека по одлуката на Вишиот управен суд со која на повторно одлучување се вратила постапката околу задолжувањата на домашниот пазар, Управниот суд се уште не донел нова пресуда.

„Со неодлучувањето од страна на судот само се остава простор за нови задолжувања на грбот на граѓаните“, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG