Достапни линкови

Одложен самитот за палестинските мировни преговори во Париз


Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека е одложена меѓународната конференција за рестартирање на палестинските мировни преговори.

Тој денеска истакна дека самитот закажан за 30 мај е откажан, бидејќи државниот секретар на САД, Џон Кери не е во можност да присуствува во мај.

Соопштението доаѓа еден ден откако францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро рече дека на разговорите на самитот во Париз ќе бидат вклучени претставници на 20 земји, но не и на Израел и палестинските територии. Израел се противеше на одржувањето на самитот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахи изјави дека преговори без предуслови се најдобар начин да се постигне договор меѓу Ираелците и Палестинците.

XS
SM
MD
LG