Достапни линкови

Попоски: Македонија дел од европското решение за бегалската криза


Транзитирањето на над милион бегалци низ Република Македонија на еден масовен и неорганизиран начин е директен ефект од конфликтите на Блискиот Исток врз нашата држава, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски при обраќањето на конференцијата: „Конфликтот на Блискиот Исток и Северна Африка: зголемување на транснационалните закани за безбедноста на земјите од Западен Балкан“.

Тој додаде дека во справувањето со бегалскиот бран, Македонија одлучила да биде дел од заедничкиот европски одговор.

„На еден брутален начин, за кратко време сфативме колку сме блиску до Блискиот Исток, не може толку високо ниво на конфликтност блиску до една мала географска одредница да не се почувствува. Транзитирањето на над милион бегалци низ Република Македонија како транзитна станица на еден масовен и неорганизиран начин е директен ефект од конфликтите на Блискиот Исток врз нашата држава“, рече Попоски.

Тој истакна дека Македонија пред себе имала две опции:

„Првата, да биде обичен набљудувач и да постави табли колку километри се оддалечени западноевропските земји, која претставува лесна и евтина опција или втората, ризична, потешка и поскапа опција, да биде дел од заедничкиот европски одговор. Европа не би била Европа без хумана димензија. Ние се одлучивме за втората, поскапа и потешка опција, заедно со нашите партнери и соседи да бидеме дел од едно европско решение“, рече министерот Никола Попоски.

XS
SM
MD
LG