Достапни линкови

Десетици загинати во две експлозии во Багдад


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 23 лица се убиени во ирачкиот главен град Багдад, во две одделни експлозии. Полицијата и медицинските лица велат дека во нападите се повредени најмалку 46 луѓе.

Првата експлозија на автомобил бомба се случила во отворен пазар во северната во доминантно шиттската област Ал Шааб, при што загинале 17 лица и 25 биле повредени.

Во меѓувреме, исто така во напад со автомобил бомба во јужната населба Ал Рашиб загинале шест луѓе и 21 лице биле повредени.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но групата на Исламската држава беше одговорна за нападите во изминативе денови во Багдад во кои загинаа десетици лица.

XS
SM
MD
LG