Достапни линкови

logo-print

Од државниот буџет ќе бидат потрошени седум ипол милиони евра за избори на кои ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата спомена и втори избори по јунските. Трошењето пари за нив е хоби, велат аналитичарите.

За печатење на избирачки ливчиња 650 илјади евра, за нивни транспорт уште 160 илјади евра, а речиси уште толку ќе бидат потрошени за лампи, спреј, паравани и сигурносни ленти. Ова се само дел од трошоците кои што Државната изборна комисија ќе ги плати за изборите закажани на 5 - ти јуни. Предвидено е од државниот буџет да бидат издвоени вкупно седум ипол милиони евра за избори на кои ќе учествува само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Но тоа не е сè, поранешниот премиер, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека се подготвени веднаш потоа да се организираат уште едни избори кои веројатно ќе чинат исто толку пари.

Трошењето пари е практично нивно хоби, трошеа пари за пописот и пропаднаа 15 милиони, сега ќе одржат празни избори ќе пропаднат 10 милиони евра. Значи се навикнаа, самиот факт дека ние како јавност слабо реагираме на тоа, значи дека власта и натаму ќе го прави тоа.

Ваквата авантура со спроведување на два изборни процеса за само неколку месеци е штетна за буџетот, вели поранешниот пратеник и аналитичар Слободан Најдовски.

„Тоа трошење на, не само оние седум ипол милиони евра, колку што ќе чини еден изборен циклус, но ако имамепредвид дека и голем број на други дополнителни трошоци се поврзани со овие избори, така што и на обичен лаик му е општо познато дека во овој момент е крајно налудничаво да троши толкава сума на пари за избори за кои и самиот поранешен премиер вели дека се спремни за месец ипол - два да одржат и уште едни избори“, вели Најдовски.

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека ваков потег може да направи само политичар кој не го интересира државата и граѓаните туку само остварување на сопствен политички и финансиски интерес.

„Трошењето пари е практично нивно хоби, трошеа пари за пописот и пропаднаа 15 милиони, сега ќе одржат празни избори ќе пропаднат 10 милиони евра. Значи се навикнаа, самиот факт дека ние како јавност слабо реагираме на тоа, значи дека власта и натаму ќе го прави тоа “, вели Биљали.

Во ваква ситуација кога се очекува овие избори да бидат непризнаени од останатите политички партии, да бидат прогласени за нелегитимни од страна на меѓународната заедница, се поставува и прашањето зошто да се трошат народни пари од буџет кој и онака не е во добра кондиција за политички каприц?

Причините за ваквите потези Биљали ги гледа во стравот на власта дека ќе треба да одговара за се што погрешила во изминативе 10 години.„И второ можеби лажно се надеваат дека ќе градат посилни позиции преговарачки, што мислам дека не е точно, дека веќе нема да има преговори туку ќе има санкции.“

Најдовски вели дека не може да се изнајде никакво оправдување за трошење на толку пари кои за цел немаат подобрување на демократската состојба, туку напротив нејзино влошување.

„Тие пари кои би се трошеле за избори би можело за нив да најдат многу подобра намена, дали во социјалната сфера, дали во инфраструктурни објекти, затоа што само основната сума од седум ипол милиони евра која ќе помине преку Државната изборна комисија е голема, а тука се и другите дополнителни трошоци,така да во овој момент се нанесува штета на буџетот на Република Македонија “, вели Најдовски.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG