Достапни линкови

Уставниот суд утре за иницијативата на ДУИ


Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативата на ДУИ за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието.

Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива е објавена денеска на на веб-страницата на Уставниот суд и таа е единствена точка на дневен ред.
Во највисокиот суд велат дека иако досега се одбиени две иницијативи за преиспитување на одлуките за распуштање на Собранието, онаа од лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и на Светскиот Македонски конгрес Тодор Петров, сепак, иницијативата е ставена на дневен ред, бидејќи така се постапува со сите иницијативи. Првиот пат Уставниот суд не одлучуваше мериторно, само ја отфрли иницијативата, објаснувајќи дека Одлуката на Собранието не претставува пропис, односно акт подобен за уставно-судска оценка.
Во Уставниот суд итноста на ставањето на дневен ред на оваа иницијатива, поднесена од пратеникот Талат Џафери пред само пет дена, ја објаснуваат со тоа дека "прашањето не може да чека"

XS
SM
MD
LG