Достапни линкови

logo-print

Пратеникот на ОН за Косово за разговорите Белград, Приштина


 Захир Танин

Захир Танин

Пратеникот на ОН за Косово Захир Танин изјави дека изборот на нов косовски претседател, како и на новата влада во Србија претставува, како што рече, „одлична можност за ставање крај на заткулисните пресметки и за фокусирање врз она со што се соочува Балканот, невработеноста и нееднаквоста“. Тој на седницата на Советот за безбденост на ОН ја пофали „визијата на косовскиот претседател Хашим Тачи и на српскиот премиер Александар Вучиќ, искажана по нивните избори“. Косово е под администрација на ОН и НАТО по интервенцијата во 1999 година, а прогласи независност од србија во 2008 година, но Белград се уште смета дека тој регион е дел од Србија.

XS
SM
MD
LG