Достапни линкови

Меѓународната вселенска станица 100 илјади пати околу Земјата


Меѓународната вселенска станица 100 илјади пати ја облета Земјата во изминативе 17 години, соопшти американската вселенска агенција НАСА, додавајќи дека тоа може да се спореди со патување од над 41 милијарда километри или како десет патувања до Марс. За една орбита околу Земјата на Меѓународната станица и требаат околу 90 минути, што значи дека за еден ден 16 пати ја обиколи Планетата. Изградбата на Станицата почна во 1998 година, а астронаути и научници постојано се во неа од 2000 година. Досега во неа престојувале 222 луѓе. Таа орбитира 400 километри над Земјата.

XS
SM
MD
LG