Достапни линкови

Јоханес Хан денеска на Косово


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во официјална посета на Косово при што ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи, премиерот Иса Мустафа, претседателот на Парламентот Кардиј Весељи и со лидерите на опозициските партии. Повод за посетата на Хан е стапувањето во сила Договорот за стабилизација и асоцијација, како и разговорот со Владата и опозицијата за потребата за примена на реформите. Пред посетата на Приштина тој во Белград, ќе имал кратка средба со српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави портпаролот на Европска комисија Маја Коцијанчич.

XS
SM
MD
LG