Достапни линкови

Шарената револуција ги обои МНР и Собранието, Владата куртули


На денешните протести, чиј фокус беше барањето за итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција, демонстрантите со импровизиран катапулт фрлаа топки со боја врз зградата на Собранието. На улицата пред парламентот беше напишано со боја „Не можете да ја избришете шарената револуција“. Потоа насобраните граѓани се упатија кон МНР, каде што исто така беше фрлена боја кон зградата. Протестот заврши пред Владата, а кон зградата беа упатени неколку балони со боја од катапулт, од кои еден ја погоди целта.

XS
SM
MD
LG