Достапни линкови

Протести против избори на 5 јуни, боја за Собранието и МНР


Во рамките на денешните протести, чиј фокус е барањето за итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е покренато обвинение од страна на СЈО, демонстрантите фрлаа балони со боја врз зградата на Собранието. На улицата пред парламентот беше напишано со боја „Не можете да ја избришете шарената револуција“.

Потоа насобраните граѓани се упатија кон Министерството за надворешни работи, каде што исто така беше фрлена боја кон зградата, а протестот ќе заврши пред Владата.

XS
SM
MD
LG