Достапни линкови

logo-print

Протести за итно поништување на одлуката за избори на 5 јуни


Граѓани и денеска се собраа на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Демонстрантите ќе се упатат пред Собранието, бидејќи во фокусот на денешните протести е нивното барање за итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е покренато обвинение од страна на СЈО.

„Бараме заштита на СЈО и гаранција дека оваа институција ќе продолжи да работи без никакви пречки и во интерес на правдата во Македонија; Уставниот суд итно да се произнесе за уставноста на СЈО и да се овозможи криминалците да бидат соодветно казнети. За Македонија ќе се разговара и преговара во Скопје, а во решавањето на кризата мора да бидат вклучени и независни претставници на граѓанското општество; бараме оставка од Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе“ се вели во најавата на граѓанското движење „Протестирам“ на социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG