Достапни линкови

Анџелина Џоли обесхрабрена од одговорот на САД за бегалската криза


Холивудската актерка Анџелина Џоли изјави дека е „многу обесхрабрена“ од одговорот на САД за глобалната миграциска криза. Џоли во улога специјален претставник на УНХЦР, денеска во Лондон рече дека стравува оти и други земји се повеќе ќе спроведуваат изолационистички политики, наместо да дејствуваат заедно за да одговорат на предизвиците од мигрантската криза. Џоли рече дека загриженоста за неконтролираната миграција им дала лажен легитимитет на оние кои промовираат политики на страв и сепарација.

XS
SM
MD
LG