Достапни линкови

Израел се противи на рестартирањето на палестинските мировни преговори


Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро изјави дека Самитот во Париз, со цел рестартирање на палестинските мировни преговоери, ќе се одржи и покрај несогласувањето на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази силно несогласување со француската иницијатива, според која претставници на 20 земји треба да одржат средба и да учествуваат во разговорите за мировниот процес, вклучително Египет, Саудиска Арабија и Јордан, но не Израел и палестинските територии.

Нетанјаху на 15 мај по разговорите со Еро во Ерусалим изјави дека директните разговори без предуслови се најдобар начин да се постигне мировен договор меѓу Израелците и Палестинците.

Еро исто така одржа разговори и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Западниот Брег. Абас го поддржува самитот кој треба да се одржи на 30 мај.

XS
SM
MD
LG