Достапни линкови

logo-print

Тачи: Приштина ќе го продолжи дијалогот со Белград


Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска за време на состанокот со делегацијата од ЕП за југоисточна Европа изјави дека Приштина ќе го продолжи дијалогот со Белград, како и дека ќе ја зајакне борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Тачи истакна дека 2016 година е европска година за Косово и силна основа за државата, што покрај останатото, придонесе за усвојување и спроведување на Спогодбата за стабилизација и придружување, пренесува танјуг.

Тој истакна дека најголем успех бил исполнувањето на сите услови за либерализација на визите и вети дека Косово ќе ги исполни и останатите услови за тоа, како што се формирање на Заедница на општини со српско мнозинство и ратификација на демаркацијата на границата со Црна Гора.

„Ова се позитивни денови за Косово и што се однесува на зачленувањето на нашата држава во УЕФА и ФИФА, бидејќи се случуваат важни чекори за европската иднина и интеграција на Косово во сите меѓународни институции“, наведе Тачи.

XS
SM
MD
LG