Достапни линкови

Пратеник на ОН го критикува одговорот на ЕУ за бегалската криза


Пратеникот на ОН за човекови права, Франсоа Крепо денеска оцени дека Европската унија во одговорот за бегалската криза покажала „недостиг на визија“ и правна двосмисленост.

Тој додаде дека договорот меѓу Турција и ЕУ за враќање на мигрантите од Европа барал „многу посилни правни инструменти со цел да се обезбеди правна одговорност“.

Крепо по посетата на притворските единици и бегалските кампови во Атина изразил загриженост дека меѓу притворените има и деца, барајќи итна промена на политиката.

Грција задржувала во притвор мигранти и бегалци, кои пристигнале во земјата по 20 март, додека околу 50.000 лица останале блокирани во земјата откако европските и балканските земји ги затворија своите граници за мигрантите.

XS
SM
MD
LG