Достапни линкови

Протест во Кабул на припадниците на авганистанкото малцинство Хазара


Десетици илјади припадници на шиитското малцинство Хазара маршираа во авганистанскиот главен град Кабул, во знак на протест против менувањето на рутата на мултимилионскиот енергетски проект.

Полицијата го блокираше пристапот до главните улици во центарот на Кабул за да ги спречи демонстрантите да стигнат до претседателската палата.

Лидерите на Хазара бараат планираниот далновод кој треба да го поврзе Кабул со Туркменистан, да минува низ провинцијата Бамијан каде живеат главно припадници на Хазара.

Многу од продавниците во Кабул беа затворени и имаше засилено полициско присуство во случај протестите да станат насилни.

Далноводот првично требаше да поминува низ Бамијан, но Владата одлучи да ја промени рутата.

XS
SM
MD
LG