Достапни линкови

Македонска државна делегација во Ватикан


Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски ја предводи државната делегација која денеска во Ватикан ќе биде примена на аудиенција кај папата Франциско, во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св.Кирил“. Како што е најавено, по аудиенцијата кај папата Франциско, претседателот на Собранието Вељаноски ќе има средба со монсињор Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица. Во Базиликата „Санта Марија Маџоре“ неговото блажество архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе ја благослови Спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Оваа година прв пат, аудиенцијата ќе се одржи на 16 мај, поради обврски на папата Франциско. Во Рим од 1960 година традиционално се одбележува овој празник со посета на државна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиопт просветител Свети Кирил во црквата „Св. Климент, а поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил.

XS
SM
MD
LG