Достапни линкови

logo-print

ИД ги губи териториите во Ирак и Сирија


 Брет Мек Гурк

Брет Мек Гурк

Американскиот специјален пратеник во коалицијата која се бори против милитантите на Исламската држава Брет Мек Гурк изјави дека оваа терористичка група ја губи контролата врз територите во Ирак и Сирија. „Групата се повлекува и овој „перверзен калифат“ се намалува“, ијави тој, додавајќи дека напорите на меѓународната коалиција да ги освои градовите Мосул во Ирак и Рака во Сирија бележат напредок. Тој исто така изјави дека одлуката на американскиот претседател Барак Обама да го зголеми бројот на американските специјални сили во северна сирија ќе помогне за натамошен прогрес во борбата против ИД.

XS
SM
MD
LG