Достапни линкови

Сомнителниот пакет на Олд Трафорд била направа за тренинг


Британската полиција соопшти дека сомнителниот пакет откриен на стадионот Олд Трафорд во Манчестер била „направа за тренинг“. Мечот од Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Брнмут беше откажан откако била откриена направата по што била уништена со контролирана експлозија. Полицијата прецизира дека направата била „случајно“ оставена во тоалетите во стадионот по тренингот на една приватна компанија за откривање експлозивни направи со кучиња. Полицијата пакетот го опиша како „неверојатно реалистична експлозивна направа“ која не била функционална. Претходно илјадници навивачи беа евакуирани од стадионот, а натпреварот е презакажан за 17 мај. Во минатата недела Британија го подигна нивото на претпазливост поради можни активности на Ирската републиканска армија.

XS
SM
MD
LG