Достапни линкови

Чавков за договорите за работа за полициска обука


Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков ги отфрли тврдењата на минстерот Оливер Спасовски дека немал време, а сега и овластувања за да ги потпише договорите за работа за кандидатите кои поминале полициска обука дадени вчера по средбата со дел од нив по нивниот протест.

- Договорите кои требаше да ги потпише беа готови, и доставени на неговото биро на 6 април, денот кога по полноќ беше распуштено Собранието , а изборите беа распишани на 15 април. Оливер Спасовски имаше девет дена да ги потпише договорите и полицајците да може да го вршат својот привправнички стаж, посочи Чавков.

Тој ги отфрли аргументите на Спасовски дека Владата му ги одзела овластувањата што било причина да не може да ги потпише договорите.

- Ниту едно овластување не му е поништено, туку само се поништени неговите незаконски одлуки за распределба на полициски службеници. рече Чавков.

XS
SM
MD
LG