Достапни линкови

Заев: избори на 5 јуни нема да има, парламентот ќе се состане набрзо


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за француската агенција АФП изјави дека е убеден дека изборите закажани за 5 јуни нема да може да се одржат, но и дека македонскиот парламент ќе се состане набрзо.

Тој вели дека изборите треба да се одложат додека не се создадат услови за фер и слободни избори, што со исполнување на условите би можело да биде на есен.
„Парламентот се самораспушти минатиот месец со цел да направи пат за изборите кои се дел од Пржинскиот договор со цел да се прекине политичката криза, но СДСМ и две други клучни партии одбија да поднесат кандидатски листи“, пишува француската агенција АФП.

„Знам дека нема да има избори на 5 јуни. Сите знаеме дека изборите ќе бидат одложени“, вели заев за француската агенција.

Заев вели дека очекувал сите политички партии уште минатата недела да го повикаат претседателот на парламентот да најави состанување на парламентот, што според него дозволуваат и законите во Македонија. Тој истакна дека Државната изборна комисија исто така најави дека не може да има фер и демократски избори.

XS
SM
MD
LG