Достапни линкови

Во напади во Багдад убиени пет војници



Во неколку напади на бомбаши-самоубијци врз владин комплекс надвор од главниот град на Ирак, загинаа најмалку пет војници. Напаѓачите влегле во владиниот комплекс во градот Амиријат во Фалуџа, по што дел од нив се разнеле за време на судирите со безбедносните сили, додека другите кои се наоѓале во зградата подоцна биле убиени. Пет владини војници загинале, а над десетина други лица се повредени во нападите.

XS
SM
MD
LG