Достапни линкови

Грција до 24 мај нема да постигне договор за долгот


До одржувањето на средбата на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, закажана за 24 мај, нема да биде постигнат договор за грчкиот долг, изјави потпретседателот на Европската Комисија и комесар за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровскис.

- Нема да имаме целосно решение на проблемот со Грција до средбата на министрите за финансии на 24 мај, потенцира Домбровски.

Домбровскис изјави дека грчката Влада наместо да обезбеди дополнителни средства преку намалување на буџетските трошоците, решила тоа да го стори преку зголемување на даноците.

- За време на нашите преговори со грчката страна ние укажавме дека намалувањето на буџетските трошоци ќе има помало негативно влијание врз растот отколку зголемувањето на даноците, но Владата во Атина сепак се реши за таа мерка, додаде Домбровски

XS
SM
MD
LG