Достапни линкови

logo-print

Времето денеска ќе биде променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

И во првите два дена од наредната недела во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, а температурите ќе бидат во опаѓање. Од средината на неделата ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

XS
SM
MD
LG