Достапни линкови

Груевски:Избори на 5ти јуни ќе се одржат


Никола Груевски во интервју за агенцијата Франс Прес изјави дека без оглед на на најавениот бојкот од сите партии во државата, избори на 5 јуни ќе има.
Во многу непријатна ситуација сме, вели Груевски во интервјуто, посочувајќи дека ВМРО ДПМНЕ е единствени од четирите големи партии кои ќе учествуваат на изборите. Интервјуто е водено во седиштето на неговата партија во Скопје, во петокот, на само неколку часа по заминувањето на специјалниот пратеник од Германија.
Инаку Груевски, кој поднесе оставка на функцијата пред половина година по десет години период во кој беше премиер, најавува дека по изборите на 5 јуни експресно ќе свика уште едни избори „за да им даде шанса на граѓаните да бираат“.
Лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев вчера го повтори ставот дека изборите нема да се одржат бидејќи нема услови за нивно реализирање, каков што е и ставот на претставниците од Меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG