Достапни линкови

logo-print

Илјадници луѓе на двата протести во Бања Лука


Неколку илјади луѓе со собраа денеска на протестите во Бања Лука. Протестот " Да ја ослободиме Српска" во организација на опозициските партии се одржува во паркот "Младен Стојановиќ". На нешто повеќе од еден километар, во центарот на градот на Плоштадот Краина во исто време се одржува митинг "Со срце за Српска - Стоп за предавството" како одговор од владеачката коалиција.

На протестите на опозицијата има поголемо присуство на полицијата, а поставени се и барикади. Истакнати се транспаренти на кои пишува "Долу предавници" и "Ние сме гладни". Со години во градот Врбас не се видени толкави мерки за безбедност.Во обезбедување на протестите и на митигот вклучени се околу 2000 припадници на полицијата кои имаат опрема за рaзбивање демонстранти. Во план е и поставување тампон зона меѓу демонстрантите од опозицијата и власта.

XS
SM
MD
LG