Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара итно да се свика Собранието


СДСМ денеска побара итно да свика Собранието на Македонија и да продолжи со работа, со оглед на тоа што, како што велат од партијата, изборите планирани за 5 јуни нема да се одржат.

-Избори на 5 јуни нема да има. Тоа вчера го констатираше и ДИК. И дијаспората кажа не на наместени избори. Согласно официјалните податоци од ДИК, во дијаспората за гласање се регистрирале вкупно 4.848 гласачи. Тоа значи дека дури и Груевски на сила да сака да глуми избори, во дијаспората нема да се организира гласање, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Додаде дека ова е показател оти, како што рече, режимот се руши по сите основи.

XS
SM
MD
LG