Достапни линкови

logo-print

Хезболах ги обвини „такфири“ групите за убиството на негов командант


Лидерот на Хезболах Хасан Насралах

Лидерот на Хезболах Хасан Насралах

Хезболах го осуди убиството на еден од неговите главни команданти на џихадистите во Сирија. Либанската шиитска милитантна група ја објави смртта на Мустафа Бадредин во близина на аеродромот во Дамаск, Сирија. Во денешното соопштение на групата се вели дека нејзината истрага довела до заклучок оти Бадредин бил убиен вчера во артилериски напад извршен од „такфири“ групи, израз кој тие го користат за тврдокорни сунитски екстремистички групи како Исламска Држава и Ал Каеда.

Бејрутска ТВ станица блиска до оваа група објави дека Бадредин бил убиен во израелски воздушен напад. Смртта на Бадредин е најголем удар за милитантната група од 2008 година, кога во бомбашки напад во Дамаск беше убиен Имад Мугниех, шеф на военото крило на Хезболах.

XS
SM
MD
LG