Достапни линкови

Постигнат мировен договор со милитантите во Авганистан


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Високиот мировен совет на Авганистан соопшти дека се согласил со главните точки од мировниот договор со милитантната група Хезб-е Ислами. Советот, тело назначено од претседателот со цел за спроведување на мировните договори со милитантни групи, соопшти дека се очекува договорот да биде објавен утре.

Договорот ќе значи напредок за авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој има малку резултати од неговите напори да го оконча 15-годишниот бунт во земјата. Гулбудин Хекматјар, лидер на милитантната група, е еден од најрадикалните меѓу тврдокорните милитанти во земјата. Владата ги почна разговорите со делегација испратена од Хекматјар на 17 март. Групата извршува смртоносни напади против американски и авганистански сили од 2001 година, по инвазијата предводена од САД.

XS
SM
MD
LG