Достапни линкови

logo-print

Чистење на спомениците и порта Македонија


Град Скопје денеска ќе почне да ги чисти спомениците во паркот „Жена-борец“ и на плоштадот „Македонија“, кои се во нивна надлежност. За оваа намена Град Скопје има ангажирано фирма за одржување и чистење на спомениците, се вели во соопштението од градот.

И Музејот на македонската борба соопшти дека денеска ќе се чисти фасадата на објектот Порта Македонија. По неколкунеделното вандализирање на објектот констатирани се сериозни оштетувања на фасадата кои ќе се обидат да ги санираат стручни служби, информира Музејот на македонската борба.

XS
SM
MD
LG