Достапни линкови

Протест против лошите политики за вработување


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Граѓани и денеска протестираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а фокусот на денешните протести е насочен против „продавањето“ на работничките во текстилната и кожната индустрија, како што велат од граѓанското движење „Протестирам“, како робје со најниска минамална плата.

Демонстрантите велат дека протестираат против лошите политики за вработување кои избркале 600.000 граѓани од земјава, а најмногу млади и против вештачкото намалување на невработеноста со бришење на граѓаните од листите на Агенцијата за вработување, се вели во најавата на социјалните мрежи.

Освен во Скопје, протести денеска ќе се одржат и во Штип, Делчево, Виница, Велес, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Прилеп, Битола, Ресен и Крушево.

XS
SM
MD
LG