Достапни линкови

ДУИ поднесе иницијатива оценување на уставноста за распуштањето на Парламентот


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Портпаролот на партијата Бујар Османи соопшти дека до судот е доставена иницијатива за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот.

Доколку Уставниот суд ја прогласи одлуката за неуставна, би се овозможило Собранието повторно да заседава.

Претходно денеска во изјава за медиумите лидерот на партијата Али Ахмети информираше дека ДУИ има иницијатива за свикување на Собранието.

XS
SM
MD
LG