Достапни линкови

logo-print

Турција не се надева на постигнување договор со ЕУ


Турскиот министер за европски работи Волкан Бозкир изјави дека не се надева оти Турција ќе постигне договор со Европската унија за земјата да добие безвизен режим.

Тој вели дека преговорите се во ќор-сокак и оти Европската Комисија мора да најде нова формула за решавање на прашањето.

ЕУ инсистира Турција да исполни неколку критериуми, вклучително промена на нејзиниот антитерористички закон.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одбива да го направи тоа и ја обвини унијата за поставување на нови пречки.

Тој се закани дека Турција може да оди по својот пат доколку не се постигне договор. Безвизниот режим е дел од договорот меѓу Турција и ЕУ за олеснување на миграциската криза.

XS
SM
MD
LG