Достапни линкови

Уапсени пет лица во БиХ за шверц на оружје во Шведска


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата во БиХ уапси пет луѓе осомничени за нелегална трговија со оружје на исламисти во Шведска и заплени големо количество оружје и воена опрема, откако претходно беа уапсени шест лица во Шведска, изјавија денеска официјалните претставници, пренесува Ројтерс.

Апсењата биле извршени на седум локации во севернозападниот дел на БиХ од страна на антитерористичката единица во Република Српска, соопшти портпаролката на Министертвото за внатрешни работи во регионот, Мирна Миљановиќ.

Таа додаде дека акцијата била во соработка со шведската полиција каде дел од меѓународна операција. Сите петмина уапсени се босански Срби, а лицата во Шведска беле со босанско потекло. Две лица се во бегство.

XS
SM
MD
LG