Достапни линкови

Најмалку 13 загинати во терористички напад во Ирак


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Група вооружени лица денеска упаднаа во кафуле во ирачкиот град Балад, северно од Багдад, убивајќи најмалку 13 луѓе. Во нападот повредени се најмалку 15 лица во претежно шиитскиот град Балад.

Досега ниту една група не презема одговорност за нападот, кој доаѓа два дена по најсмртоносното насилство оваа година во ирачкиот главен град, кога загинаа 93 луѓе и 156 беа повредени, во серија бомбашки напади од страна на групата на Исламската држава.

Тројца вооружени лица отворија оган на толпата во кафулето во Балад.

Откако полицијата пристигна на местото на настанот, напаѓачите ги активираа елеците со експлозив.

XS
SM
MD
LG