Достапни линкови

logo-print

Конфискување имот на „Путиновиот банкар“


Сергеј Пугачов

Сергеј Пугачов

Русија соопшти дека од Лондонскиот суд добила наредба за конфискување на имотот на милијардерот во егзил Сергеј Пугачов, вклучувајќи луксузна јахта и имоти на француската Ривиера. Според руските власти, биле одземени еден замок во близина на Ница и вила на Француските Алпи. Пугачов своеврeмено беше познат како „Путинов банкар“ поради неговите блиски врски со Кремљ. Тој стана еден од најбогатите луѓе во Русија како претседател на банкарска империја. Тој во 2011 година избега во Британија откако, според шпекулациите, паднал во немилост кај претседателот Владимир Путин. Во егзил во Франција тој покрена обвинувања против Москва, барајќи 12 милијради долари оштета за тоа што му бил оштетен бакрарскиот бизнис. Москва го обвини за злоупотреби и го осуди на две години затвор.

XS
SM
MD
LG