Достапни линкови

Во Сирија убиени најмалку 16 џихадисти


Најмалку 16 џихадисти, меѓу кои и еден висок претставник на сирискиот огранок на Ал каеда, Фронтот Ал Нусра биле убиени во воздушните напади на североистокот на Сирија, соопшто синоќа сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Во соопштението се додава дека биле извршени над 60 воздушни напади врз воениот аеродром Абу Духур во провинцијата Идлиб. Притоа се наведува дека не се знае дали нападите биле извршени од сириските владини сили, руската авијација или од меѓународната коалиција, предводена од САД.

XS
SM
MD
LG