Достапни линкови

Ахмети: ДУИ ќе преземе иницијатива за свикување на Собранието


Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил наведува дека неговата партија во наредните денови ќе преземе конкретни активности да се свика Собранието и оти тоа треба да се случи што е можно поскоро за да се вратат стабилноста и безбедноста со евроатлантска перспектива. Според него, избори на 5 јуни без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА не претставува крај на политичката криза, туку нејзино продлабочување. „Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и очекувањата на меѓународната заедница“, наведува Ахмети. Притоа се повикуваат сите политички партии да се приклучат на иницијативата за враќање на парламентот и да се започне заедничко решавање на кризата.

XS
SM
MD
LG