Достапни линкови

ЕУ одобри милјарда евра за бегалците во Турција


Работните групи на Европска унија и на Турција денеска одобрија проекти во висина од една милијарда евра во рамките на преговорите за распределување на трите милијарди евра, договорени претходно меѓу ЕУ и Анкара наменети за миграциските прашања.

Денешните проекти се за поддршка на сириските бегалци сместени во турските кампови.

На денешната седница Европската комисија позитивно ги оцени спроведените проекти, за кои минатиот месец беа издвоени 200 милиони евра.

Според договорот една милијарда евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, а другите две милијарди евра од европските држави до крајот на следната година. Досега 22 земји членки на ЕУ изразија подготвеност да обезбедат вкупно 1,61 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG