Достапни линкови

Блогер осуден на три и пол години затвор во Украина


Судот во Укриана осуди блогер кој водел кампања на совесните приговарачи да им се овозможи да не се борат против про-руските сепаратисти на истокот на земјата.

Градскиот суд Ивано Франкивск во западна Украина денеска го прогласи за виновен 49-годишниот Руслан Котсаба, за попречување на вооружените сили на земјта, и го осуди на три и пол години затвор.

Судијата пресуди дека времето кое Котсаба го поминал во притвор од вефруари 2015 година треба да се смета - еден ден за два и според тоа тој досега има одлежано 2 години, шест месеци и осум денови во затвор.

Котсаба беше уапсен откако објави видео снимка во која ги повикува луѓето да ја избегнат воената обврска. Видеото беше прегледано повеќе од 300 илјади пати.

Неговиот адвокат изјави дека ќе поднесат жалба на пресудата.

XS
SM
MD
LG