Достапни линкови

Калфин: Населението на Европа ќе се намали за 15 отсто до 2050 година


Бугарскиот министер за надворешни работи, Ивајло Калфин.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Ивајло Калфин.

Прогнозите на ОН за развој на населението во Европа покажуваат дека во периодот од 2015 до 2050 година бројот на жителите на европскиот континент ќе се намали за речиси 15 отсто, ијзави денеска во Софија бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин.

Во говорот на отворањето на Меѓународната конференција „Соочување со демографските предизвици на земјите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа“, Калфин нагласи дека повеќето држави од балканскиот регион на долг рок се соочуваат со тенденција на намалување и стареење на населението и со пад на работната сила.

Според Калфин, дополнителен демографски проблем за земјите од Југоисточна Европа е зголемувањето на миграцијата која е поврзана со барање работа во странство, процесите на глобализација, развојот на новите технологии, но и со желбата на поединци да ја бараат својата иднина во државите со повисок стандард.

„Демографските предизвиции влијаат врз поголем број сфери од економскиот и општествениот живот и ќе имаат се поголеми последици врз јавните финансии и нормалното функционирање на социјалните системи“, изјави Калфин, апелирајќи за изработка на долгорочна демографска стратегија во регионот.

XS
SM
MD
LG