Достапни линкови

Иран нема да испраќа аџии во Саудиска Арабија


Иран оваа година нема да испрати аџии во Саудиска Арабија, што е последен знак на тензиите меѓу двете земји. Иран соопшти дека саудиската „некомпетентност“ предизвикала смртоносно стампедо за време на аџилакот во септември минатата година, кога загинаа најмалку 2,426 луѓе. Техеран посочува дека во несреќата загинале 464 ирански аџии.

Иранскиот министер за култура Али Џанати изјави дека Техеран и Ријад со месеци се обидувале да го решат безбедносниот проблем, но не постигнале напредок.

Тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија ескалираа во јануари, кога ирански демонстранти ја демолираа саудиската амбасада во Техеран откако саудиските власти егзекутираа шиитски клерик. Ријад ги прекина врските со Техеран.

XS
SM
MD
LG