Достапни линкови

Штајнмаер: Турција да ги исполни условите за укинување на визите


Mинистерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер.

Mинистерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер.

Турција треба да ги исполни сите 72 услови кои и ги постави Европската унија доколку сака во земјата да се воведе безвизен режим, изјави денеска министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер.

Коментарот следеше по изјавата на турскиот министер за односи со ЕУ кој тврди дека Турција ги исполнила сите критериуми, додавајќи дека „договорот неоправдано се одложува“.

Штајнмајер на прес-конференција во германското Министерство за надворешно работи рече дека „Турција мора да го промени законот за антитероризам.“

ЕУ бараше од Турција да ја стесни дефиницијата за терористи и терористички чинови, бидејќи врз основа на постојниот закон на мета можат да бидат новинари и политички десиденти.

„Топката е на теренот на Турција“, нагласи Штајнмајер додавајќи дека со задоволство ќе го исполни својот дел од договорот и ќе се продолжи процесот на визна либерализација, кога Турција ќе ги исполни своите обврски.

XS
SM
MD
LG